Бугарија ќе оди на предвремени избори?

Сценариото за предвремени парламентарни избори во Бугарија станува се’ поверојатно поради заострување на тоонот помеѓу „Има таков народ“ и „Демократска Бугарија“, прогнозираат политиколозите доц. Проф. Антони Галабов и доц. Проф. Петар Чолаков.

Според доц. Проф. Галабов, вчерашната изјава на Слави Трифонов на Фејсбук беше насочена кон гласачите на ИТН и еден вид подготовка за нови избори.

ИТН ќе се обиде, и најверојатно ќе успее, да ја префрли одговорноста за неможност да се состави влада на другите политички партии.

Според Галабов, гласачите на Слави Трифонов очекуваат токму такво однесување од нивниот лидер и нивните избрани функционери. … Целта на проектот на Слави Трифонов е да се растури политичката застапеност, а нивните радикални гласачи го очекуваат токму тоа – судир на системот. Меѓутоа, прашањето е што ќе се случи во меѓувреме со земјата, вели Галабов, како што пренесува News.bg.

Според Петар Чолаков објасни дека најновите податоци упатуваат на предвремени избори.

Тој вели дека без Има таков народ да добие цврста поддршка од Демократска Бугарија, ќе се одржат нови предвремени избори, а таква поддршка најверојатно нема да постои

Но, она што ќе се случи на следните избори ќе биде тешко да се предвиди.