20.8 C
Skopje
четврток, март 28, 2024

Бугарија: ГЕРБ ќе покрене иницијатива за гласање недоверба на владата на Петков

Заменикот-претседател на ГЕРБ, Томислав Дончев, на прес-конференција во вторникот соопшти дека неговата партија ќе иницира гласање за недоверба на владата на бугарскиот премиер Кирил Петков.

Гласањето во 47-от состав на Народното собрание на Бугарија за недоверба на премиерот Кирил Петков, според Дончев, ќе биде поради неуспехот на финансиската политика.

„Ова поглавје од историјата на Бугарија ќе биде срамно, единствено што можеме да направиме е да го задржиме кратко“, додаде Дончев.

Според бугарскиот устав, за гласање недоверба се потребни потписи од најмалку една петтина од пратениците, односно 48. ГЕРБ чија пратеничка група има 59 мандати, нема да има проблем да ги обезбеди потписите, но за изгласување недоверба потребни се 121 глас од вкупно 240 пратеници, што значи дека партијата на Бојко Борисов ќе треба да обезбеди уште 62 гласа.

За тоа ќе бидат потребни гласовите на сите пратенички групи надвор од владејачката коалиција, односо 34 од Движењето за права и слободи, 20 од Има таков народ, 13 од Преродба, со што четирите опозициски групи ќе имаат вкупно 126 гласа во бугарскиот парламент.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.