Бугарија, Грција и Кипар предупредуваат на драматичен пораст на нелегалните имигранти

Министрите за внатрешни работи на Бугарија, Грција и Кипар ги предупредија во вторникот своите колеги од другите земји членки на Европската унија на драматичниот пораст на доаѓања на илегалните имигранти преку ткн источномедитеранска рута.

„Последните мењеци вниманието на членките на ЕУ главно беше насочена на средномедитеранската насока, за што опсежно се разговараше на последните три министерски состанока. Источномедитерансакта рута не е соодветно третирана, и покрај сите релавантни извештаи кои го потврдуваат постојаниот тренд на зголемување на доаѓањата“, се вели во неслужбениот документ кој споменатите три земји го предложиле на средбата на министрите за внатрешни работи на земјите членки на ЕУ во Луксембург.

Во споменатиот документ се наведуваат податоци кои предупредуваат на несразмерниот притисок врз трите мигрантски працџа преку Средоземјето.

Така, се наведува податокот дека во периодот меѓу 19-ти август и 1-ви септември имали 1.133 доаѓања преки западномедитеранската, или атлантска рута, и 1.369 преку средномедитерансатата рута и дури 4.879 преку источномедитеранската рута.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.