Бугарија и Македонија ќе склучат договор за гасно поврзување

Операторите на македонскиот и бугарскиот гасовод ГА-МА АД и Булгартрансгаз ЕАД имаат намера да склучат договор за меѓусистемско поврзување меѓу двете земји, јави МИА од Софија.

Според информациите објавени на веб-страницата на бугарската државна компанија Булгаргазтрансгаз, точката за интерконекција ќе биде Ќустендил/Жидилово.

Двата јавни оператора ги повикуваат корисниците на мрежата да се произнесат по предложениот текст во однос на правилата за распределба на количините на гас и одредбите кои се однесуваат на корисниците на мрежата.

ГА-МА АД и Булгартрансгаз ЕАД имаат намера да понудат преносни услуги на корисниците на мрежата за снабдување со природен гас од Бугарија во Северна Македонија и комерцијалн пренос од Северна Македонија во Бугарија.

„Првиот успех е дека после низа години Бугарија ослободи дел од капацитетот за транспорт на гас, преку гасоводот, преку Бугарија што ни дава алтернативи на обезбедување на гас, не само од Газпром“, изјави вечерва вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.