Бугарија критикува зошто немало реакција за „антибугарскиот“ транспарент на натпреварот Вардар-Пелистер

За време на ракометниот натпревар помеѓу екипите на Пелистер Еурофарм и Вардар на трибините во салата во Битола имаше огромни цинични и вулгарни транспаренти против Бугарите, пишува БГНЕС.

„И покрај сериозното полициско присуство, ниту еден службеник за спроведување на законот не се обиде да ги отстрани или побара симнување на транспарентите“, неведува медиумот.

БГНЕС додава дека до сега ниту една спортска федерација во земјава ниту Министерството за надворешни работи не го осудиле напишаното на транспарентот.