Бугарија – Македонија ќе се игра во Разград

Тоа што пред нецел месец беше најавено се официјализира, Бугарија против Македонија нема да игра во Софија, туку во Разград на „Хувефарма Арена“, домот на првакот Лудогорец,

Европската фудбалска унија (УЕФА) веќе го закажа мечот во Разград, кој ќе се игра од 18 часот.

Македонија е во група со Бугарија, Грузија и Гибралтар, а трите наши противници се послаби од нас поред рејтингот на последната ФИФА ранг-листа.

Пред стартот на новото издание на Лигата на нации, фудбалерите на Македонија ќе го играат најважниот натпревар во историјата, на 24 март во Палермо, каде и гостуваат на Италија во баражот за пласман на Светското првенство во Катар.