Бугарија протерува 70 руски дипломати кои работеле против интересите на земјата, изјави за новинарите премиерот во оставка Кирил Петков.
„Нашите служби ги идентификуваа како луѓе главно поврзани со нивните служби и работеа против интересите на нашата земја. Сакам да им честитам на бугарските служби и на Министерството за надворешни работи што си ја завршија работата. Сакам да им порачам на сите странски земји, не само во Русија – дека секој што работи против интересите на Бугарија ќе бидат повикани и отповикани да се вратат во земјата“, рече тој.
Сите тие се дел од руската амбасада, рече Петков, а многумина од нив работеле за странски служби, додека нивната дипломатска улога била повеќе како параван. Тие биле на различни официјални позиции и, според Петков, спроведувале „некарактеристични активности за овие дипломатски позиции“.
„Ова во никој случај не е агресија против рускиот народ – токму кога странските влади се обидуваат да се мешаат во внатрешните работи на Бугарија, имаме јасни институции кои ќе реагираат. Во недела очекуваме полн авион со 70 седишта да се врати во Москва“, коментира Петков.