Бугарија се налути за ветото од Холандија за влез во Шенген

Холандија ја налути Бугарија. Остри рекации на властите во Софија по одлуката на Холандија да се блокира влезот на Бугарија во безвизната Шенген зона на ЕУ следната недела. Наместо европска солидарност, Бугарија добива цинизам, порача претседателот Румен Радев.

-Неодамна тројца бугарски полицајци загинаа чувајќи ја надворешната граница на Европската Унија. Премиерот на Холандија, Марк Руте, недозволиво предложи оваа граница да се помине за 50 евра. Наместо европска солидарност, Бугарија добива цинизам!, напиша бугарскиот претседател на фејсбук.

Реагираше и в.д. министерот за правда на Бугарија, Крум Зарков, кој му порача на холандскиот премиер Руте да биде внимателен, бидејќи ставот на Холандија не е став на целата ЕУ.

Бугарија чека повеќе од една деценија да биде пуштена во Шенген зоната, а според  Европскиот парламент и сите членки на ЕУ, освен Холандија, се на страната на Софија да стане полноправна членка на таа зона без контроли на внатрешните граници што ќе биде разговарано на состанокот на министрите за правда на ЕУ на 8 и 9 декември.

Холандија смета дека оваа земја се уште не ги исполнува потребните услови за членство во Шенген истакна шефот на холандската дипломатија Вопке Хоекстра, а премиерот Марк Руте додаде дека одлуката не е политичка, тука се базира на факти. Според него пристапувањето на Бугарија во Шенген зоната може да предизвика прилив на илегална миграција, став кој според холанскиот премир го дели и Австрија.