Бугарија се противи на делењето на Болградската област во Украина

Бугарското Народно собрание усвои декларација против плановите на владата на Украина административно да го подели Болградскиот регион кој е во состав на црноморската Одеска област, каде што компактно население се етничките Бугари, а Киев оцени дека станува збор за мешање во неговите внатрешни работи.

Украинската влада, како што беше претходно објавено, планира административни територијална реформа, што подразбира поделба на областа на Болград на пет единици во кои тамошните етнички Бугари нема да бидат мнозинство. По доаѓањето на власт во Киев на прозападните влади во март 2014 година, Украина се судира со реакции за ускратување на малцинските права од страна на нејзините сојузници, како Унгарија, Полска.

„Како што е предвидува, Болградскиот округ ќе биде подделен на пет независни административни единции, што ќе нанесе сериозен удар врз интегритеот на нашата бугарска заедница“, се истакнува во резолуцијата која ја предложија пратениците од партиите ГЕРБ, на премиерот Бојко Борисов, и Волја, како и коалицијата Обединети патриоти, пренесе Бугарското национално радио (БНР).

Во писмената изјава од парламентот се задолжува владата да ги преземе сите можни дејствија кои ќе го гарантираат интегритетот на бугарската заедница во Болградскиот регион, како дела од административната реформа на Украина.

Особено, бугарските пратеници пповикуваат на организирање итен меѓувладин состанок со украинската страна.

Бугарската заедница во Украина е една од најголемите надвор од матичната земја. Според неофицијалните податоци, таа брои околу 250.000 до 300.000 луѓе, главно концентрирани во Боградскиот регион на Одеската област, каде до пред некоја година имале извесен степен на јазична автономија до средно образование. По превратот од почетокот на 2014 година во Киев, медиумите јавуваа дека десетици илјади етнички Бугари од спомената црноморска област со доминатно рускојазично и руско население, ја напуштиле Украина.

Украинското министерство за надворешни работи набрзо изрази протест во врска со усвојувањето на декларацијата во бугарскиот парламент.

„Прашањата за административно-територијалната структура на Украина е исклучиво во надлежност на државните власти на Украина. За нас целосно неприфатливи се обидите за мешање на странска држава во внатрешните работи на Украина“, се наведува во соопштението на украинското министерство.

Во Киев истакнуваат дека наводуите за влијание на реформите врз националниот идентитет на етничкотите Бугари во Украина се „манипулативни и неверодостојни“. Од министерството за надворешни работи, сото така, велат дека прашањето за Болградската област ќе биде решено во согласност со украинското законодавство, „земајќи ја предвид позицијата на локалните жители, вклучително и многубројната бугарска заедница“.

„Сметаме дека сите прашања може да се решат преку конструктивен дијалог, што и се одвива на ниво на шефовите на дипломатиите на двете земји. Ги повикуваме бугатрските парламентарци да дејствуваат во согласност со принципите на пријателство и добрососедство кои традиционално постојат мешу Украина и Бугарија“.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.