Бугарија уништува големи количeства на дози од вакцините против Covid-19 на кои им е истечен рокот за употреба и не планира да ги надополнува залихите, изјави во саботата бугарскиот министер за здравство.
„Во моментов нема оние вакцинираат“, рече во интервју за државната телевизија Асен Меџдиев, кој е привремен министер за здравство.
„Огромни количества“ вакцини со изминат рок се веќе уништени, а и оваа година треба да се отстранат дополнителни 2,8 милиони дози, додаде министерот.
Меџдиев вели дека ѝ рекол на Европската комисија дека Бугарија сака да го раскине договорот со германско-американскиот произвдоител на новите mNRA вакцини „BioNTech/Pfizer“, според кој неговата земја е обврзана да ја купува вакцината против коронавирусот до 2025 година.
„Овој став е поддржан од Полска, Чешка и Литванија“, рече тој.
Бугарија има најниска стапка на вакцинација во Европската унија. Само 30 отсто од населението од 6,5 милиони имаат основна имунизација против вирусот, според официјалните податоци. Нема задолжителни заштитни мерки против вирусот од средината на ноември 2022 година.