Бугарија втора најважна извозна дестинација за Македонија

Бугарија е петтиот најважен трговски партнер на Македонија и нејзина втора најважна извозна дестинација. Бугарските директни инвестиции во државата изнесуваат вкупно 270 милиони евра, а во 2022 година, годишната трговија меѓу двете земји надмина една милијарда евра, беше речено на средбата на Македонско-бугарската стопанска комора и Амбасадата на Република Бугарија со бизнис секторот од двете држави.

Трговското атеше на бугарската амбасада Красимир Драгнев информираше дека на 7 декември во Софија се одржува бугарско-македонски бизнис форум на иницијатива на министерствата за надворешни работи на двете земји. Сличен настан минатата година се одржа во Скопје под покровителство на министрите за надворешни работи Николај Милков од Бугарија и Бујар Османи од Македонија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.