Бугарија затвори десетици училишта по закани со бомби пред изборите

Десетици училишта и деловниот универзитет во бугарската престолнина Софија беа затворени поради закани со бомби, само пет дена пред одржувањето на новите предвремени избори во земјата.

Софиското обвинителство соопшти дека е отворена истрага за „кривични дела против републиката“. Во полициските истраги не се пронајдени никакви експлозивни средства во училиштата, кои од понеделникот примале закани по електронска пошта или телефонски.

Вршителот на должноста министер за надворешни работи Иван Дермедџиев изјави дека власите дејствуваат врз основа на претпоставките дека заканите се дел од „хибридните напади“ коишто наводно „некако може да бидат поврзани со Русија“.

Бугарија се обратила до истражните власти во Европската унија и САД за помош да се влезе во трагата на тие електронски адреси, додаде Демерџиев.

Вообичаено многу избирачки места на изборите во неделата ќе бидат во училиштата ширум земјата. Демердџиев рече и дека изборите ќе бидат прекината само во случај на веродостојна закана. Истакна дека досега од промените информации не произлегла вистинска закана.