Бугарија најнова во низата членки од ЕУ кои нема да го потврдат миграцискиот компакт на ОН

Бугарија им се придружи во понеделникот на растечката бројка земји членки на Европската унија се противат на Глобалниот компакт за сигурните, уредените и законски миграции на Обединетите нации, поппознат како Маракешка декларација.

Глобалниот импакт во јули годинава го одобрија сите членки на ОН, освен САД, коишто се повелкоа минатата година. Составен е по најголемиот прилив на мигрантио во Европа по Втората светска војна пред две години.

Меѓутоа, десните влади во Австралија и Унгарија соопштија дека нема да го потврдат конечниот документ на свеченоста во мароканскиот град Маракеш во декември, поради загриженоста дека тој ќе ја избрише разликата меѓу легалната и илегалната миграција. Полска, Чешка а сега и Бугарија, исто така, немаат намера да ја потврдат Маракешката декларација.

„Ставот на бугарската влада нема да се придружи на Глобалниот компакт за миграциите на ОН“, изјави потпретседателот на владејачката партија од десниот центар ГЕРБ, Цветан Цветанов, по средбата со челниците на другите партии од коалициската влада.

Антиимигратскиот коалициски партнер на ГЕРБ, партијата Обединети патриоти, силно е против Маракешката декларација и тврди дека таа ги загрозува националните интереси. Бугарскиот парламент за овој документ ќе расправа во средата.

Бугарија, којашто е една од главните земји на миграциските рути од Блискиот и Далечниот исток во западна европа, објави дека веќе презема мерки за запирање на илегалните миграции и во заштитата на надворешните граници на Европската унија.