Бугарија нема да отвора бази на НАТО на своја територија

148

Бугарија нема планови за распоредување воено-поморски бази на НАТО на својата територија, вели вицепремиерот и министер за одбрана Красимир Каракачанов во интервјуто за руската новинска агенција ТАСС која во петокот објави исечоци од разговорот.

„Информацијата за можното распоредување на територијата на земјата нови бази на НАТО ги шират сајтови кои се специјализирани за објавување лажни информации. До нас никој не се обратил со таков предлог, да се отворат дополни бази на НАТО и да внесеме странски бродови во Црното Море, никој не се обратил. Претпоставувам дека таквата вест е дел од хибридната војна која се води во моментов. Никој не побарала од Бугарија да ги отстапи своите црноморски воено-поморски бази за НАТО или за САД“, вели Каракачанов.

Бугарскиот вицепремиер притоа истакнува дека иако Софија е тесно поврзана со Алијансата, нејзината цел е избегнување напрегнати ситуации во регионот.

„Бугарија е лојален партнер на НАТО. Меѓутоа, Бугарија, премиерот Бојко Борисов и целата влада спроведуваа политика во интерес на изнаоѓањето компромиси, водење преговори а не зголемување на тензиите“, истакнува Каракачанов.

Уште кон средината на јуни 2016 година премиерот Бојко Борисов изјави дека Бугарија нема да ѝ се придружи на предложената флота на НАТО којашто треба да им се спротистави на руските поморски сили во Црното Море, бидејќи не сака во регионот да се војува, само ден откако Москва порача дека таквата активност ќе ги поткопа регионалната безбедност и руските односи со Алијансата.

Премиерот Бојко Борисов рече дека не сака воени фрегати да пловат пред бугарските црноморски летувалишта. Претходно Турција и Романија побараа испраќање флота и војници на НАТО во регионот.

Според конвенцијата од Монтре, земјите што немаат излез на Црно Море не смеат на таа територија да ги задржуваат своите бродови подолго од 21 ден. Седиштето на руската Црноморска флота историски е во Севастопол, на полуостровот Крим кој се отцепи од Украина и се присоедини на Руската Федерација, што Западот го смета за нелегално руско анектирање на украинска територија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.