Бугарија подготвена да го штити воздушниот простор на Македонија

276

Бугарија би можела да ѝ помогне на својата западна сосетка Македонија во заштитата на нејзиниот воздушен пеостор, доколку се оствари купувањето на осум американски борбени авиони „F-16“, објави во средата бугарскиот премиер Бојко Борисов.

Бугарија, коај е членка на Европската унија и на НАТО, сака да ги замени своите застарени авиони од типот „МиГ-29“ од советско произвдоство и да во оваа област од одбраната да се усогласи со стандардите на Северноаталнтскиот сојуз.

Пентагон во понеделникот објави дека Стејт департментот ја одобрил потенцијалната продажба на осум авиони „F-16“ со пропратна опрема на Бугарија, за цена од околу 1,67 милијарди долари. Меѓутоа, Софија очекува дека САД ќе ја спуштат цената на 1,2 милијарди долари.

„Разговарав со својот колега Зоран Заев за заштита на северномакедонскиот воздушен простор кога ќе ги набавиме новите авиони. Тоа ќе биде добри и за нив и за нас“, изјави во средата Борисов пред бугарските новинари.

Официјалната американска понуда за продажбата ќе треба да пристигне во Софија до крајот на седмицата, објави во вторникот бугарскиот министер за одбрана, Красимир Каракачанов. Оваа зделка би била најголемата бугарска воена инвестиција од падот на комунизмот од 1989 година.

На 22-ри мај два грчки ловца од типот „F16“ на два наврата го надлетаа македонското небо. Овие два лета беа во координација со македонската армија со што се тестираа комуникациите и радарското покривање, во земјата која се очекува наскоро да стане 30-та членка на НАТО.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.