Бугарите ги даваат државјанствата на Македонци за да ги притиснат и да кажуваат дека се Бугари

Бугарите ги даваат државјанствата на Македонци за да ги притиснат тие луѓе за да кажуваат дека се Бугари, а потоа да следат и други претензии од Бугарија кон Македонија, рече Стевче Јакимовски, претседател на ГРОМ на гостувањето во емисјата Само вистина што се емитува на телевизија Канал 5.

Според Јакимовски, обидот на Бугарија е само да фалсификуваат историја.

„Нивната историја е смешна. Каква е таа нивна историја генералот Михајло Апостолски кој им даде клоца после дојдоа да се поклонат и да се стават под негова команда. За каква историја зборуваат тие“, рече Јакимовски.

Тој укажа дека сега немаат методи како да влијаат и да прават притисоци, но тоа не значи дека треба ние да спиеме.

„Очигледно е дека во земјава имаме купени луѓе од Бугарија, тоа се луѓе кои земале пари за да го работат ова што го работат“, рече Јакимовски коментирајќи ги меѓудругото и ставовите на поранешниот премиер Љубчо Георгиевски

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.