Бугарските и романски имигранти најверојатно ќе плаќаат повеќе даноци и ќе придонесуваат повеќе за економијата од Британците, истакнал британски политичар, пренесе „Дејли телеграф“.
Претставникот на ториевците Ерл Атли, кој е наследен благородник и портпарол на Министерството за внатрешни работи во Домот на лордовите, изјавил дека принципиелно се согласува со мислењето дека во изминатата деценија „секој еден од даночните обврзници во оваа земја добил бенефиции од мигрантите од ЕУ“.
За време на дебатата во Домот на лордовите, Лорд Дејвис од Стемфорд изјавил дека и покрај негативната кампања во медиумите, студија на University College London, утврдила дека влијанието на мигрантите на ЕУ е позитивно.
Според него , за разлика од „домашното население“, емигрантите од ЕУ придонеле „далеку повеќе“ со плаќање даноци и осигурување, отколку што добиле социјална помош.
„Понизок економски раст е цена која вреди Британија да ја плати за радикално намалување на протокот на имигранти“, истакнал лидерот на Партијата за независност на Велика Британија, Најџел Фараж .