Бугарите излегуваат на парламентарни и претседателиски избори

Во неделата во Бугарија првпат истовремено се одржуваат парламентарни и претседателските избори, а ова се трети парламентарни избори во Бугарија во последните седум месеци откако на претходните две не беше добиен јасен победник и неуспесите на партиите да договорат коалициска влада.

Централната изборна комисија на Бугарија во последен момент одлучи да ги преброи контролните ливчиња од гласањето со машини, за да има гаранција за правичноста на изборите. Две партии поднесоа жалба до Врховниот управен суд на Бугарија.

Со 13.000 машини ќе се гласа на речиси сите избирачки места во Бугарија и во странство. 11.936 машини во земјата и странство. Во Бугарија има 543 избирачки места поради малиот број гласачи, на 300 ќе се гласа со хартиено ливче.

За учество на парламентарните избори во Бугарија пријавени се 20 партии и 7 коалиции, што е помалку од претходните парламентарни избори на 11 јули.

Бугарски граѓани со право на глас има 6.700.000 Бугарите во странство ќе можат да гласаат на 751 избирачко место во 68 земји во светот.

Во Македонија избирачки места ќе бидат отворени во Скопје, Битола, Охрид, Струмица, Кавадарци и Штип. На Балканот најголем број избирачки места за бугарските избори ќе има во Турција – 126. На претходните парламентарни избори на 11 јули гласаа 28.000 бугарски Турци кои живеат во Турција.

Првпат по падот на комунизмот во Бугарија на крајот на 1989 година има рекорден број кандидати за претседател и потпретседател на државата. Вкупно 24 партии, коалиции и иницијативни комитети, имаат кандидати за претседател и потпретседател на Бугарија.

За парламентарните избори сите социолошки агенции во земјата за време на предизборната кампања посочија на коалицијата на поранешниот премиер Бојко Борисов ГЕРБ-УДФ, која би освоила околу 23 до 24 отсто, со осум отсто разлика зад нив е коалицијата „Продолжуваме со промени“ на двајцата поранешни министри за економија и финансии во преодната влада на државата Кирил Петков и Асен Василев 15,5 до 16,5 отсто, но социолозите прогнозираат дека имаат најголем потенцијал да добијат најмногу гласови.

По нив следат бугарските социјалисти на Корнелија Нинова со 15 отсто. Четврти според анкетите се Има таков народ на ТВ водителот Слави Трифонов со 11,5 проценти, петти во анкетите се Движењето за права и слободи со 9,9 отсто, а шеста со минимална разлика е Демократска Бугарија“на Христо Иванов со 9,6 отсто.

Социолозите до неодамна не беа сигурни дали коалицијата на поранешниот омбудсман на Бугарија, Маја Манолова Исправи се БГ! Доаѓаме! ќе успее да ја надмине бариерата од 4 проценти за да влеземе во бугарскиот парламент.

Фаворити за претседателските избори во Бугарија се актуелниот претседател и потпретседател Румен Радев и Илијана Јотова, кои учествуваат како независни поддржани од БСП и ректорот на софискиот универзитет „Свети Климент Охридски“ Анастас Герџиков и полковникот Невјана Митева, поддржан од ГЕРБ. Според анкетите, Радев би добил 48 отсто, а Герџиков 28 отсто. На трето место се лидерот на Движењето за права и слободи, Мустафа Карадаи со 10 отсто и претседателот на Врховниот касационен суд Лозан Панов со 8 проценти, кој во Бугарија се прослави со своите отворени критики за заткулисните случувања во судството во Бугарија и против изборот на главниот обвинител Иван Гешев. Панов е поддржан од Демократска Бугарија.

Се чини ека претседателот на Бугарија нема да биде избран во првиот круг, туку тоа ќе се случи на 21-ви  ноември кога треба да се одржи вториот круг. Првпат немаше предизборна дебата за претседателските избори во Бугарија. Анастас Герџиков и Лозан Панов постојано го покануваа Румен Радев на дебата, но неговиот штаб одбиваше.