Бугарите заради гласини за менување на курсот на валутата размениле милијарда лева во евра

Бугарските граѓани почнаа масовно да ја продаваат домашната валута и да ја купуваат единствената валута во ЕУ заради гласините дека левот ќе престане да има фиксен девизен курс во однос на еврото, јави Бугарското радио, а пренесе порталот Банкар. ме.

Според податоците на Бугарската народна банка, граѓаните од банкраските сметки досега повлекле речиси 1,2 милијарда лева, што претставува околу 613 милиони евра, додека истовремено штедењето во евра е зголемени за 350 милиони.

Гувернерот на Бугарската народна банка Димитар Радев повеќепати повтори дека државата не планира да го укине фиксниот девизен курс и дека за тоа не се преговарало со финансиските регулатори од ЕУ.