Бугарската црква против ратификацијата на Истанбулската конвенција

Бугарската православна црква во понеделникот ги повика пратениците да не ја ратификуваат Истанбулската конвенција, договор во кој декларираната цел е борбата против насилството над жената и семејното насилство, тврдејќи дека тоа ја отвора врата за „моралната пропаст и вовед во родовата идеологија.

Бугарската православна црква тврди дека некои од точките од Истанбулската конвенција предизвикуваат околу иднината на европската христијанска цивилизација, бидејќи внесуваат туѓи вредности од безбожното општество.

Владата на десниот центар на премиерот Бојко Брисов претходно во јануари а испрати оваа конвенција на Советот на Европа на ратификација во парламентот, а тој потег го подели јавното мнение во најсиромашната членка на Европската унија која во моментов првпат претседава со унијата.

Намерата на Истанбулската конвенција, документ од 81 член, е воспоставувањето мерки за заштита на жените од насилство. Досега ја ратификуваа 28 земји, а ја потпишаа 45, вклучително и Бугарија.

Бугарската православна црква им се приклучи на противниците на ратификацијата, истакнувајќи дека таа ќе ја отвори вратата за моралното пропаѓање на општеството. Црквата тврди дека документот е против основните верувања на бугарскиот народ за верата, националноста, моралноста, чест, дигнитетот, образованието и семејството.

„Тоа е оружје коешто го внесува системот на вредности кој ни е туѓ за да се овозможи со општеството да се владее со нов модел во интересите на негов мал дел“, соопшти Синодот на БПЦ.

Конвенцијата „предизвикува загриженост за иднината на европската христијанска цивилизација, бидејќи содржи ново сфаќање на човекот – човекот како апсолутен господар, човекот без Бог кој ги следи своите желби и страсти до толкаво ниво што дури може и да одлучува за својот пол3 се наведува во соопштението, во кое се заклучува дека „последиците од отфрлањето на библиските вистини се трагични и сведочиме дека во многу општества каде што нема родова идеологија долго била политика на државата“.

Обединетите патриоти, сојузот на трите националистички партии кои се коалициски партнер на ГЕРБ на Борисов, се здружија со социјалистите, најголемата опозициска партија во државата, за да се спротиставата на одлуката за ратификацијата.

Покрај Бугарија, Истанбулската конвенција не ја ратификуваа ниту Македонија, Азербејџан, Грција, Русија, Обединетото Кралство, Ерменија, Украина, Унгарија, Хрватска, Чешка, Исланд, Ирска, Латвија, Лихтенштајн, Литванија, Луксембург и Молдавија, се наведува на страницата на Советот на Европа.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.