Бугарската опозиција бара предвремени парламентарни избори

Најголемата опозициска партија во Бугарија, Бугарската социјалистичка партија (БСП) денеска повика на распуштање на Парламентот и распишување предвремени парламентарни избори во земјата.

-Овој Парламент е истрошен. Владата е истрошена… Затоа, најдобро е да одиме на избори и да го распуштиме овој Парламент, изјави заменик-претседателот на Пратеничката група на БСП во бугарското Народно собрание, Драгомир Стојнев на денешната собраниска седница.

Како што јави БГНЕС; ваквото барање на социјалистите уследи, откако партијата изрази незадоволство од кусиот дневен ред на собраниската седница, кој вклучува само три точки.

-БСП бара дебата. БСП ја бара вистината, а од (владејачката) ГЕРБ молчат. Вакво нешто се случува втора недела по ред. Мислам дека е исклучително срамно да се предлага ваков дневен ред во услови кога опозицијата достави предлог-закони, кои дури не се разгледани во комисиите, нагласи Стојнев.

(МИА)