Бугарската полиција уапси македонски цариник: Во шишиња од леден чај шверцувал дрога

Бугарската полиција на граничниот премин со Македонија, Деве Баир, уапсила македонски цариник.

Цариникот со иницијали Д.Д. во својот автомобил со кумановски регистарски таблички превезувал поголема количество на психотропни супстанци, објави „Инфомакс“.

Во шишиња од леден чај тој превезувал концентриран метамфетамин како и три литри течен амфетамин.

Извори на „Инфомакс“ велат дека македонскиот државјанин е вработен во македонската царина.