Бугарски фудбалер го закла својот пријател, па се обиде да си го одземе животот

Поранешниот бугарски фудбалер, 39-годишниот Марио Метушев, го убил својот најдобар пријател со нож по што се обидел да се самоубие, пренесуваа бугарските медиуми.

Метушев има повеќе од 200 настапи во бугарската прва лига како фудбалер на Пирин – Гоце Делчев, Пирин Благоевград, Ботев, Черно Море и Черноморец, а последните две години беше тренер на локалниот нисколигаш Места Хаџидимово.

Како што јавија бугарските медиуми, Метушев по жестока расправија со својот пријател Краси Колџиев пред неговиот дом, го заклал со нож.

Кога сфатил што направил, тој го свртел ножот кон себеси и тешко се повредил, а сега се наоѓа во болница во тешка состојба.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.