Бугарски морнари осудени на милијарда и 150 милиони долари поради шверц на три тона кокаин

кокаин

– Оваа парична казна е речиси невозможно да се исплати, беше категоричен адвокатот.

Шпанскиот суд ова лето ги осуди бугарските морнари на затвор, при што секој од 21-те морнари добија меѓу шест и десет години затвор.

Четиринаесет Бугари од екипажот на „Свети Николај“ се осудени на по шест години и еден месец затвор, се наведува во одлуката на Судот и се додава дека тие на шпанската држава и должат вкупно 300 мииони евра.

Еден од морнарите е осуден на шест години затвор и само тој е осуден да плати 400 милиони евра.

Шестмина од морнарите, кои се осудени на по десет години затвор треба заедно да исплатат 450 милиони евра.

Тие парични казни се пресметани согласно коефициентот, кој се додава и вредноста на запленетата дрога, појасни Владимиров. Тој даде споредба дека еден од тројцата лидери на криминалната група, Шпанецот Хозе Алварес Отеро, кој е осуден на 15 години затвор, треба да плати и парична казна од една милијарда и 800 милиони долари.

Во моментов шестмина од Бугарите, кои се осудени на по десет години затвор се зад решетки во Мадрид. Меѓу нив е и капетанот на „Свети Николај“, Иван Станчев. Останатите 15 се во Бугарија. Освен нив за рекордните три тони кокаин се осудени и уште десетина државјани на други земји.