Бугарски пратеници: Македонско-бугарската историја не е заедничка, таа е иста! (ВИДЕО)

118

Борис Вангелов, пратеник во бугарското Собрание од редовите на ВМРО-БНД на Красимир Каракачанов и член на раководството на партијата во интервју за бугарската национална телевизија, БНТ1 за емисијата „Денот започнува“ од оваа утро вели дека бугарите и македонците немаат заедничка историја, туку имаат иста историја. За Вангелов заедничкото славење на Илинден е револуционерен акт.

„Ние веќе гледаме, обид од страна на еден дел на македонската политичка елита, од страна на Зоран Заев , која се обидува да ги подобри односите со Бугарија, затоа што ние сме блиски, ние немаме заедничка историја, ние имаме иста историја со нашите браќа во Македонија. Така што тој период кој помина во последните 27 години, тоа генерирање на антибугарско расположение, на антибугарско зборување, Бугарија не можеше да го остави без внимание“, Вели Вангелов.

Вангелов го коментира и поклонувањето на Заев пред споменикот на „Самуил Цар на Бугарија“.

„Бугарскиот премиер и македонскиот премиер се поклонија на споменикот на Самуил – Цар на Бугарија, вторo, бугарскиот премиер  спомна дека нема ништо по добро од тоа да чествуваме и личности како Тодор Александров и Вапцаров.“

Според Вангелов заедничкото чествување на Илинден би било револуционерен акт.

„Чествувањето на Илинден. Илинденското востание може да биде првиот како првиот најзначаен датум, што вистински ја покажува нашата, како што кажав, не заедничка, туку една иста историја до 1944 – 1945 година. И ако тоа се обистини би било навистина револуционерен акт, да не звучи претенциозно, но би било револуционерен акт во нашите односи, заедничкото ни чествување на Илинденското востание. “

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.