Бугарскиот амбасадор Ангелов оствари работна посета на Битола

Новоназначениот амбасадор на Република Бугарија во Република Македонија, Ангел Ангелов, оствари работна посета на општина Битола.

Амбасадорот Ангелов, придружуван од генералниот бугарски конзул во Битола, Димитар Иванов, се сретнаа со градоначалничката Наташа Петровска, која ги информирала за тековните активности на локалната самоуправа.

Од секторот за односи со јавност на општина Битола соопштуваат дека разговорите биле фокусирани на состојбите во образованието, здравството и социјалната сфера, во делот на згрижувањето на децата и лицата со одреден хендикеп.

Соговорниците најавиле интезивирање на меѓусебната соработка.