Бугарскиот европратеник Ковачев за славењето на 11 Октомври: Зошто му е потребна на Заев оваа антибугарска провокација токму сега?

Европратеникот Андреј Ковачев кој е висок функционер на Партијата ГЕРБ на бугарскиот премиер Бојко Борисов смета дека прославата на 11 Октомври од страна на Македонија е политичка провокација.

Иако македонскиот државен врв избегнува да ги именува бугарските окупаторски сили како фашистички, не ја користи придавката македонски и не зборува за Бугарија како дел од фашистичката коалиција на Хитлер за Ковачев Македонија сепак провоцира и тоа во незгоден момент.

 „Зошто му е потребна на Заев оваа антибугарска провокација токму сега?”, прашува Ковачев на Твитер во врска со честитки за денот на народното востание на Македонија.

Засега нема одговор од страна на македонската дипломатија за ова директно мешање на Бугарија во внатрешните работи на Македонија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.