Бугарскиот историчар Чуканов: Maкедонија е пред сè нејзиниот народ, редно е да ги третираме рамноправно

130

Блокирањето на Македонија на патот кон Европската Унија од страна на Бугарија би претставувало голема грешка, бидејќи тоа не само што не им одговара на бугарските национални интереси, туку на долг рок ја ослабува позицијата на Софија во регионот, смета бугарскиот историчар Кирил Чуканов.

Тој во колумна за Факти.бг истакнува дека таквиот став на Бугарија не го менува фактот за постоењето на денешната македонска нација и дополнително го зацврстува македонскиот идентитет врз антибугарска основа.

-Мислам дека има нешто што либералните интелектуалци едноставно одбиваат да го сфатат. Нема шанси да бидеме браќа на сила. Со сила нема убавина. Ако сакаме нашите браќа и сестри во Македонија да бидат рамноправни со нас, редно е и да ги третираме рамноправно. Не како мали деца, кои едноставно треба да се сакаат, без да сносат никаква одговорност за своите постапки, додава Чуканов.

Според него, Македонија не е само шарската плескавица во старата чаршија во Скопје, тиквешката ракија и магијата на Охридското Езеро, туку, пред сè, таа е сите нејзини луѓе, од кои огромен дел „едноставно одбиваат да се дефинираат надвор од антибугарскиот наратив“.

Чуканов заклучува дека, за жал, актуелните случувања не одат во прилог на неопходното забрзување на зближувањето на двете земји.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.