Бугарскиот министер Каракачанов во самоизолација, поради контакт со заразен со Ковид-19

30

Бугарскиот министер за одбрана Красимир Каракачанов веќе два дена е во самоизолација, откако се дознало дека командантот на бугарските воени воздухопловни сили, генерал Димитар Петров е заразен со коронавирус.

Министерството за одбрана информира дека Каракачанов вчера направил ПЦР тест, чиј резултат бил негативен. За денеска е предвиден втор тест и доколку и тој е нагативен, тогаш Каракачанов ќе излезе од самоналожената изолација.

Со неодамна назначениот началник на ВВС, минатиот петок во контакт бил и бугарскиот претседател Румен Радев, поради што тој ја одложи за денеска планираната посета на Естонија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.