Бугарскиот министер за надворешни работи Вигенин утре во посета на Македонија

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски утре ќе го прими во работна посета на Република Македонија, бугарскиот министер за надворешни работи, Кристиан Вигенин.

Во фокус на средбата помеѓу двајцата министри ќе бидат билатералните проекти за соработка во инфраструктурата, економијата и регионалното поврзување. Министерот Вигенин ќе има и свое обраќање на дипломатската академија на МНР, како и средба со собраниската група на пријателство со Република Бугарија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.