Бугарскиот парламент ја одобри реконструкцијата на владата

Бугарскиот парламент го именуваше во петокот Кирил Ананиев за нов министер за финансии во владата на премиерот Бојко Борисов, во реконструкцијата на неговиот министерски кабинет чија цел е да ги примири антивладините антикорупциски демонстранти кои бараат оставка на целата негова влада.

Со 116 од вкупно 240 пратеници во бугарскиот парламент, исто така, беа одобрени и нови министри во ресорствата за економија, здравство, внатрешни работи и туризам во владата на десниот центар која од 2017 година го турка третиот мандат. Против ваквата владина реконструкција гласаа 88 пратеници.

Ананиев, кој беше заменик министер за финансии во четири различни влади од 1998 година ќе има задача да ги контролира државните финансии во текот на очекуваниот економски пад предизвикан од пандемијата на коронавирусот.

Пратениците на главанта опозицска партија на бугарските социјалисти БСП во текот на гласањето извикуваа „Оставка“ и „Повеќе“, во знак на поддршка на протестите кои веќе две седмици ја тресат земјата.

Во четвртокот повторно повеќе илјади главно млади Бугари маршираа низ центарот на Софија и ги отфрлија промените во владата како „шега“. Го обвинуваат Борисов дека не ги прекинал врските со функционерите склони кон корупција и со моќните олигарси.

Борисов ги смени министрите за финансии, за економија, за туризам и за внатрешни работи, а Ананиев од ресорот здавство дојде во ресорот финансии.

И покрај секојдневните протести веќе две седмици со кои се бара оставка и на целата влада и на премиерот Борисов, коалицијата од десниот центар е упорна да го истера целиот мандат, кој завршува во март догодина. За петокот е најавено продолжување на масовните протести.