Бугарскиот премиер бара итна оставка од челникот на фудбалскиот сојуз поради расизам

Бугарскиот премиер Бојко Борисов во вторникот побара „итна оставка“ на претседателот на Бугарскиот фудбалски сојуз Борислав Михајлов, откако во понеделникот квалификацискиот натпревар за ЕУРО 2020 против Англија го одбележаа расистички испади.

„Неприфатливо е Бугарија, една од најтолерантите земји на светот, да ја поврзуваат со ксенофобија, додека во неа во мир живеат луѓе од различни националности и вероисповеди“, напиша на својот профил на Facebook, премиерот Бојко Борисов по мечот во кој селекцијата на Бугарија беше високо поразена од Англија со 0:6.

Борисов, исто така, наредил прекинување на сите врски, па и финансиски, со Бугарскиот фудбалски сојуз по „срамотниот пораз“, сѐ додека Михајлов не поднесе оставка. Од доаѓањето на Михајлов на чело на националната фудбалска асоцијација во 2005 година, репрезентацијата не се пласираше на ниедно големо натпреварување.

Во понеделникот вечерта Михајлов не реагираше на поразот, ниту се огласи со осуда по расистичкките испади и нацистичките поздрави на бугарските навивачи, а стадионот го напушти пред крајот на натпреварот.

Еден дел од навивачите на софискиот стадион „Васил Левски“ ги навредуваше црнокожите репрезентативци на Англија, Тајрон Мингс, Марскус Рашфорд и Рахим Стерлинг. Англискипот фудбалски сојуз побара од УЕФА „итна истрага“, потсетувајчи дека „не е првпат англиските играчи да бидат цел на вкави напади“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.