Бугарскиот премиер Петков во Азербејџан во обид да обезбеди дополнителни количества гас

Бугарскиот премиер Кирил Петков во четвртокот и в петок ќе престојува во БАку, главниот град на Азербејџан, каде треба да се сретне со азербејџанскиот претседател Илхам Алиев.

Главна тема на разговорите, на кои ќе учествуваат и министрите за енергетика на Бугарија и на Азербејџан, ќе биде соработката во областа на енергетиката и можностите за дополнителни испораки на азербејџански гас за Бугарија, надвор од веќе договорената квота преку новиот интерконектор Грција – Бугарија.

Бугарија е еден од трите купувачи на азербејџански гас во Европа.

Петков во Баку ќе оствари и работна средба и со претставници на Бугарско-азербејџанската трговско-индустриска комора и со претседателот на пратеничката група за пријателство меѓу Азербејџан и Бугарија.