Бугарскиот шовинизам и молкот на националните телевизии

491

„… А и некој простодушен народ сме: не сакаме и со душманот да се замериме. Незгодно ти паѓа. Македонецот ти е таков: фати го за гуша и газ дава, пушти го-газ бара… На секои тројца, едниот е шпион. Е, па сега ти види што треба да направиш со него…“

„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски

Од за жал прерано починатиот Горан Гаврилов (сопственик на Радио Канал 77, пионер во приватната радиодифузија и основач на идејата за здруженија на приватни радиодифузери дали во ЗТРД или во АПЕММ) може да се пофалам дека сум го научил следново: Војската и Полицијата се на браникот на државата, ама медиумите се многу пред браникот. Зошто ако дојдат до браникот веќе е доцна.

На молкот на националните телевизии за време на овој бугарски шовинизам Горан само ќе заклучеше: Другарче не ја бива таа работа.

Бугарскиот Шовинизам е заснован само на една идеја дека Македонија е дел од Бугарија. Впрочем тоа се докажува на два начина:

  1. Отечествениот Фронт испраќа предупредување и барање до Владата на Багарјанов во јуни 1944: да се прекине воената состојба со Британија и САД, да се воспостават односи со СССР, да се прекинат сите релации со Германија и она најважното Бугарија ги повлече своите војски од Србија и Грција (ама не го споменуваат повлекувањето на војските од Македонија и западна Тракија, затоа што си ги сметаат за свои територии)
  2. Боите на знамето на Бугарија го имаат следново значење:
  • Белата е Тракија
  • Зелената е Мизија
  • Црвената е Македонија
  • А, Охрид е Столицата (главен град) на Обединета Бугарија

Но, би сакал да ги потсетам молчеливите национални телевизии дека кога потпишавте Договор за вршење радиодифузна дејност, моравте убаво да го прочитате и Законот за аудио и аудиовизуелни услуги.

Впрочем мораат овие правни субјекти да разберат дека не е време за Лебедова Песна, туку директно да знаат и да разберат што е Дефинирање на Јавен интерес, Јавна дејност и Јавна Услуга.

„Јавна услуга“ согласно Закон е дејност која ја вршат установите во областа на образованието, науката, културата, здравството, социјалната заштита, детската заштита, инвалидската заштита, како и во други дејности кои со закон се утврдени како јавна услуга.

Управувањето со медиумите е основано на системски, сеопфатен и институционализиран повеќе-чинителски пристап, и истото е способно да ги интегрира (занемарените) интереси на засегнатите страни на различни нивоа. Но, за жал националните телевизии сега се само навивачка публика.

Лично немам јас проблем со умилкувањето на телевизиите кај одредени политички опции, за жал и тоа е уреднички став. Немам проблем и со тоа што се бунат за одредени телевизиски содржини преку кабел кога е во прашање маркетингот.

Немам проблем и со тоа што телевизиите продаваат патриотизам и љубов кон татковината со анимирани знаци и логоа за празници, ама сега имам проблем кога се молчи за:

Бугарската натурена програма која изврши атак кон Македонското минато и сегашност и тоа директно на територија на Македонија.

Ако навистина ја сакаат Македонија и ако разбираат која е нивната Јавна Дејност и Јавна Услуга мораат да ги направат следниве два чекора поради нарушување на Уставот на Македонија со директен притисок врз Агенцијата (АВМУ):

  • За исклучување на сите бугарски канали. Нема потреба од многу објаснување.
  • Арена Спорт и Спорт Клуб во рок од 7 седум дена да започнат со програма на Македонски и Албански Јазик

Но, за жал вистината е многу поинаква од моите препораки, па така да ги повикувам нормалните новинари барем да се позанимаваат со личности кои Бугарија ги употребува за специјална војна кон македонскиот народ и целата негова сегашност заснована на минатото, а тоа се (објавувам дел):

  1. Столе од Велес
  2. Младенов од Струмица
  3. Добре од Кавадарци
  4. Љубе Кебапот
  5. Драги и Дејан од Куманово итн

Само да ги потсетам новинарите дека Љубчо Георгиевски на времето кога Владо Бучковски беше голем опозиционер со Црвенковски, за нив он беше Бичка.

Да живее Македонија!

П.С. Горан Гаврилов не смее да умре од нашите спомени зошто Горан Гаврилов е повеќе од историја.

П.С.1 Чифте Чифте Пајтонлари најубаво ја имаат испеано Ансамбл Билјана од Охрид, а Охрид според Бугарија е нивна историска Столица (главен град) значи ќе дојдат до заклучок: Тоа е оригинална Бугарска песна.

Автор: Виктор Грозданов за НетПрес

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.