16.8 C
Skopje
сабота, април 20, 2024

Бугарските цариници заплениле над 32 килограми марихуана сокриени во македонски автомобил (ФОТО)

На 17 ноември во 15 часот, царинските инспектори од одделението за борба против трговијата со дрога при територијалната управа на софиската царина сопреле автомобил кој влегувал во државата со двајца македонски државјани кои патувале од Северна Македонија кон Турција, пренесуваат бугарските медиуми.

При физичкиот преглед пронајдени се 61 пакување зелена трева, марихуана. Тие биле скриени на различни места во автомобилот – под предните и задните браници, под задното седиште, во моторниот простор, кај бришачите, во резервната гума и боцата на системот за гас.

Станува збор за марихуана во тежина од 32.525 килограми.

Странците кои патувале во возилото се приведени и обвинети и им е определена мерка притвор, а истрагата за случајот продолжува под раководство на Основното обвинителство во Благоевград.