Бугарските членови бараат нова средба на Комисијата за историја кон крајот на август

Ангел Димитров, претседателот на бугарската страна во Комисијата за историски прашања, ги повика македонските историчари на вонредна средба кон крајот на август на која би се разговарало за ликот и делото на Гоце Делчев. За бугарското национално радио Димитров вели дека бугарската средба и досега барала почести средби на заедничкатата комисија, но македонските претставници сметале дека 6 средби на годишно ниво се доволни.

„ Денеска ќе ги поканам колегите на средба, на место на кое тие ќе го одберат, ако сакаат може и на некое одморалиште во Бугарија, да се сретнеме кон крајот на август за да си ја олесниме работата за во септемвери. Повеќепати сме барале нашите средби да бидат почести и поинтензивни, но нашите колеги смеатаат дека шест средби во годината се доволни“ изјави Димитров за бугарското државно радио.

Повикот за нова средба од страна на бугарските историчари доаѓа само еден ден откако бугарскиот премиер Бојко Борисов побара од заедничката комисија поинтензивни средби за до октомври да најдат компромис за Гоце Делчев.

„Работите за Гоце Делчев за бугарската историска наука е јасен. Историчарите нема да кажат кој е Гоце Делчев, туку теи само можат да го потврдат или негират тоа што тој го кажал за себе, за своето семејство, за околината во која работел , за кои интереси работел за кои и загинал.Разликите по ова се фундаментални“ рече Димитров

Претседателот на македонската делегација во комисијата Драги Георгиев вели дека за да може да се најде компромис за Делчев не треба да се инситира на неговиот идентитет, туку да се потенцира значењето што го има Делчев за двата народа.