Бугарските културни клубови донираа пакети со храна за Денот на македонската револуцинерна борба

Бугарските културни клубови „Ванчо Михајлов“ и „Цар Борис Трети“ по повод Денот на македонската револуцинерна борба поделија храна и основни прозиводи.

Имено, на сликите објавени на нивните Фејсбук профили може да се видат пакети со масло за јадење, тестенини, конзервирана храна како и средства за хигена.

На пакетите пак може да се забележат фотографии од Цар Борис Трети, логото на фондацијата „Бугарска Меморија“, како и логото на здружението Ванчо Михајлов.

Оттаму велат дека храната ја обезбедил нивниот досегашен финансиер Милен Врабевски.

„По повод 129 години од формирањето на ВМРО, Центарот за култура „Иван Михаилов“ – Битола, Здружението Цар Борис-Охрид, со донација на д-р Милен Врабевски и Фондацијата Бугарска меморија ги поддржаа семејствата во Битола и Охрид со пакети со храна“, пишуваат од бугарскиот центар Ванчо Михајлов – Битола.