Бугарските социјалисти го добија последниот обид за формирање влада

Во последниот обид да биде ставен крај на долготрајниот политики ќорсокак во Бугарија, претседателот Румен Радев ја повика Бугарската социјалистичка партија (БСП) да се обиде да ја состави владата, изјави партиската челничка Корнелија Нинова но се предвидуваат мали изгледи за успех.

Досега двете партии кои на последните парламентарни избори освоија најмногу мандати во парламентот, ГЕРБ од десниот центар и антикорупциската Промените продолжуваа, не успеаја да најдат поддршка за формирање на функционална коалициска влада по изборите од 2-ри октомври кои не дадоа јасен победник, четвртите во Бугарија за помалку од две години.

Во Бугарија владее политичка нестабилноста од масовните протести против корупцијата од 2020 година. Така, со земјата последните две години управуваат привремени технократски влади, кои патем добиваат голем рејтинг, бидејќи нема стабилна избрана коалиција.

„Ја сфаќаме сериозноста на ситуацијата. Ќе сториме сѐ што е во нашата моќ за да обезбедиме трајна влада“, изјави Нинова откако го прифати мандатот од Радев.

Социјалистите ќе бараат разговори со сите други партии во Народното собрание, но политичките коментатори сметаат дека имаат мали шанси за успешно спроведување на меѓупартиските преговори и дека многу поверојатни се нови избори оваа пролет.

Најголемата во моментов бугарска политичка партија ГЕРБ, како и Промените продолжуваат, најавија дека нема да ја поддржат владата предводена од БСП. Обидите на двете партии да формираат функционална влада претходно завршија без успех.

Неуспехот во формирањето на владата дополнителни ќе ги закочи плановите на Бугарија за влегување во еврозоната и ги одложи итно потребните реформи за справување со корупцијата на високо ниво, а ги отежнува и ефикасното повлекување на милијарди евра од фондовите на Европската унија за закрепнување.

Доколку социјалистите не успеат да состават влада, претседателот Радев ќе мора да го распушти парламентот и да распише нови предвремени избори кои треба да се одржат во рок од два месеца.