Бугарските социјалисти одбија да се обидат да формираат влада, новите избори веројатно во јули

Бугарските избирачи во јули повторно ќе гласаат за новиот состав на парламентот откако тамошните социјалисти во саботата станаа третата политичка партија којашто одби да ја формира новата влада.

Бугарската социјалистичка партија (БСП), којашто на изборите на 4-ти април загуби речиси половината до дотогашните свои мандати во Националното собрание, соопшти дека нема да биде возможно да се постигне работно мнозинство во фрагментираниот парламент и дека мандатот ќе го вратат што претседателот Румен Радев им го даде на 5-ти мај.

Објаснија дека можеле да го земат мандатот и да влезат во преговори кои би го трошело времето, а дека „секој ден без влада значи продолжување на владеењето на Бојко Борисов“.

Претседателот Радев ќе биде принуден да го распушти штотуку формираниот парламент, да именува привремена влада и да распише избори во рок од два месеца, а тие веројатно ќе се одржат на 11-ти јули.

Се стравува дека долготрајната политичка нестабилност може да го отежне закрепнувањето на економијата на најсиромашната држава членка на Европската унија, кое е погодено од од пандемијата, и за ефокасното искористување на ЕУ фондот за закрепнување од корона-кризата.

Решението на социјалистите е донесено откако досега владејачката партија ГЕРБ на премиерот во заминување Бојко Борисов, која освои најмногу гласови, и новата партија Има таков народ (ИТН) која ја води шоуменот Слави Трифонов, како втора по освоиените гласови, се откажаа од обидот за составување на владата.

Генвот на бугарската јавност поради раширената корупција по речиси цела деценија владеење на ГЕРБ, ја зајакна поддршата за антиестаблишмент партијата ИТН и за двете помали новопојавени политички групации против корупцијата, меѓутоа тие трите заедно немаат мнозинство во парламентот.

Социјалистите, коишто ја водеа кампањата против ГЕРБ, својата одлука ја поткрепија со тоа што овие три партии одбиле да влезат во владина коалиција со нив.

„Трите нови партии во парламентот покажаа политичка незрелост, не можеа да го надвладеат своето его. Во оваа ситуација, и покрај напата волја за промени, владата со нас на чело, дури и привремен, е невозможна“, истакна за новинарите Корнелија Нинова, челничката на БСП по партискиот состанок.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.