Бугарското Министерство за земјоделство демантира дека Грција забранила увоз на свинско месо

Бугарското Министерството за земјоделство негира дека Грција забранува увоз на свинско месо од таа земја, со појаснување дека двете држави се дел од слободниот пазар.

Грција ги презеде сите можни мерки против ширењето на африканската чума на грчките фарми за свињи. Автомобилите што ја минуваат границата се дезинфицираат.

Претходно, бугарските медиуми јавија дека Грција забранила увозот на свинско месо од Бугарија.

Засега нема регистриран случај во Грција, соопшти Министерството за земјоделство. Експерти претпоставуваат дека вирусот би можел наскоро да ги зафати и фармите за свињи во Грција.