Бугарското обвинителство поведе предистражна постапка за смртна закана кон Пендиков

Софиското окружно обвинителство покрена предистражна постапка за смртна закана упатена кон претепаниот Христијан Пендиков во Охрид, пренесува БГНЕС.

Според тамошните медиуми, Пендиков поднел пријава до МВР на Бугарија бидејќи на социјалните мрежи му била испратена заканувача порака на македонски јазик. Надлежниот обивнител побарал да се извршат проверки на наводите во пријавата.