Бугарското МНР прибира информации за случајот со камионот во Англија

Бугарската амбасада во Велика Британија во соработка со локалните власти ги проверува информациите објавени во светските медиуми дека во Англија е откриен бугарски камион со 39 мртви тела, пренесуваат бугарските агенции.

Официјален став од бугарското министерство за надворешни работи сѐ уште нема, а се очекува првите информации да се споделат со јавноста откако ќе се добие повратна информација од бугарските дипломатски претставништва во Лондон.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.