Бујар Османи: Заев да не го користи зборот „метла“

84

Вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи побара од премиерот Зоран Заев да не го користи зборот „метла“ во јавните настапи затоа што тоа било компромитирачки за другите.

Тоа претставува понижување и навреда не само за претставниците на ДУИ, туку и за другите партнери на коалиционата влада. Неприфатливо е да се користи таков термин, дури и кога станува збор за промени во државните функции – рече Османи.

Заев најави промени во сите државни ешалони, дури и во самиот СДСМ, но и во администрацијата каде што смета дека се прават опструкции и не се даваат очекуваните резултати.

Терминот „метла“ се појави во јавноста по првиот круг од претседателските избори на 21 април.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.