Букари: Не е вистина дека го провоцирав Роналдо

Забележав дека мојата прослава на голот предизвика многу коментари кои тврдеа дека не сум го почитувал Кристијано Роналдо, што не е точно, изјави фудбалерот на Гана, Осман Букари.

Португалија ја совлада Гана со 3-2 во рамки на првото коло во групата Х на Светското првенство, а Букари го постигна вториот гол и го прослави погодокот во стилот на Роналдо.

Букари по натпреварот истакна дека неговата цел не била да го провоцира Роналдо.

-Ме совладаа емоциите во моментот кога го постигнав голот за својата земја во својот дебитантски настап на Мундијалот. Моето домашно воспитување не ми дозволува да не укажам почитување кон повозрасните, а уште помалку кон мојот идол. Ви благодарам на поддршката, а ние се фокусираме на следниот натпревар, напиша Букари на својот Твитер профил.

Гана в понеделник игра против Јужна Кореја.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.