Букер продолжи со Санс за 158 милиони долари

Откако во јуни го избраа младиот талентиран центар Деандре Ејтон како прв на НБА драфтот, Феникс Санс на својот нов тренер Игор Кокошков му ги осигурија и услугите на првата ѕвезда и најдобриот стрелец во екипата Девин Букер за следните пет години.

Санс со Букер потпишаа продолжување на актуелниот договор, што според американските медиуми, на 21-годишниот кошаркар треба да му донесе 158 милиони долари, што е максималниот износ кој клубот можел да му го понуди.

„Почестен сум што можам да се врза со Санс на подолг период. Среќен сум што последните три сезони Феникс можам да го наречам свој дом, бидејќи овој тим и заедницата имаат особено место во моето срце. Им благодарам на Санс што ме избраа и што веруваат во мене. Се радувам на иднината и настојувањата да ја освојам титулата со Санс“, објави на Twitter по потпишувањето на договорот Девин Букер.

Феникс го избраа Букер на драфтот во 2015 година, како 13-ти во првиот круг., Во својата третата НБА сезона овој шутер на 54 натпревари во основниот дел од сезоната посигна 1.346 кошеви, односно во просек по 24,9 поени по меч, што е негови најдобар ефект во кариерата. Букер на последниот Олд-стар викенд беше победник во натпреварувањето на најдобрите шутери од позицијата за три поена.