Булеварот пред Собрание и денеска затворен за сообраќај

Булеварот „11 Октомври“ денеска повторно е затворен за сообраќај. Затворен е делот од булеварот пред Собранието, односно од крстосницата кај Црвен Крст до Порта Македонија.

Сепак се очекува во текот на денот, за сообраќај да биде затворен и делот од Порта Македонија до Палома Бјанка (Рекорд/Ловец).

Пред Собранието се поставени и шатори и дел од луѓето кои протестираат изминативе денови се останати пред законодавниот дом. Забележливо е и поголемо полициско присуство.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.