Бунарџик збогатен со уште една нова фабрика и 200 нови работни места

бунарџик

Станува збор за инвестиција во износ од 10 милиони евра. Целокупното производство, според најавите, ќе се извезува и вградува во автомобилските брендови БМВ, Ауди и Рено.

На поставувањето на камен-темелникот присуствуваа претседателот на Владата за спроведување на изборите Емил Димитриев и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

ФПЦ Технопласт произведува пластични компоненети за автомобилската, електричната и електронската индустрија. Компанијата е фирма-ќерка на компанијата „Тетепласт” која функционира во Македонија скоро 20 години и своето производство, пред се, го наменува за странскиот пазар.