Бундеслига: Баерн го потопи Вердер и се зацврсти на врвот

Фудбалерите на минхенскиот Баерн убедливо на својата „Алијанц Арена“, во дуелот на 14-то коло на Бундеслигта, го совлада Вердер со 6:1 и со тоа дополнително се зацврстија на првото место на табелата.

Натпреварот беше решен уште по првото полувреме кога Баварците имаа предност од 4:1. Најдобар на мечот беше Серж Гнабри, кој ги постигна половината од головите за Баерн, во 22, 28 и 82 минута, а по еден погодок постигнаа Џамал Мусиала во 6, Леон Горецка во 26 и 17-годишниот Матис Тел во 84 минута, додека Вердер успеа само да израмни во 10 минута преку Антони Јанг.

За Баерн оваа е вкупно деветтата победа во низа во сите натпреварувања – Бундеслигата, Германскиот куп и Лигата на шампионите, односно петта во домашното првенство. Баварците сега имаат 31 бодови, четири бодови повеќе од Фрајбург и пет од Унион Берлин кои имаат натпревар помалку. Вердер, пак, остана седми на табелата со 21 бод.

Волфсбург на домашен терен со по еден погодок на почетокот и на самиот крај на дуелот ја совлада Борусија Дортмунд. Стрелци беа Мико фан де Вен во 6 и Лукас Нмеча во првата минута од судиското продолжение на натпреварот.

Борусија Дортмунд моментално се задржа на четвртото место со 25 бодови, два односно три повеќе од Ајнтрахт и РБ Лајпциг кои ја следат со меч помалку. Вофлсбург моментално се искачи на осмото место со 20 бодови.

Штутгарт со погодокот длабоко во судиското продолжени на мечот (90+8) преку Константиност Мавропанос успеаја да ги освојат трите бода во дуелот со Херта. Домашните поведоа уште во 3 минута преки Серху Гујраси, додека гостите израмнија во 19 минута преку Доди Лукебакио.

Штутгарт моментално е 13-ти со 14 бодови, а Херта и натаму е во зоната на испаѓање, 16-та е со 11 бодови.

Со идентичен резултат 2:1 домашна победа оствари и Бохум во дуелот Борусија Менхенгладбах. Стрелци за домашните ги постигнаа Кристофер Антви-Аџел во 7 и Филип Хофман во 11, а гостите намалија во 62 минута Аласане Плеа.

Бохум оствари важна победа во обидот да се извлече од зоната на испаѓање и сега е претпоследен 17-ти, сега со 10 бодови, моментално два помалку од безбедната зона. Борусија Менхенгладбах, пак, моментално е деветта со 19 бодови, а може да назадува за три места по завршувањето на колото.