Бундеслигата продолжува во втората половина од мај

Германија прва меѓу петте најсилни еврпски фудбалски лиги во Европа ќе го продолжи првенството откако во средата канцеларката Ангела Меркел потврди дека продолжувањето на првенството ќе следи во втората половина од мај.

Германија во следните седмици постепено ќе укинува дел од рестриктивните мерки во рамките на борбата против епидемијата од коронавирусот, а за брзината и обемот на укинувањето ќе одлучуваат амите сојузни покраини, соопшти Меркел.

Долгоочекуваната одлука се однесува на Бундеслигата и на Втората лига на сојузно ниво. Натпревартите ќе се одржуваат пред празни трибини, а точниот датум ќе биде познат подоцна.

Германската фудбалска федерација во четврток ќе одржи состанок со 36-те клубови од Првата и Втората лига, на кој ќе се прецизираат деталите околу организирањето на натпреварите.

„Се разбира, ова е извонредна вест за германскиот фудбал“, изјви извршниот директор на сојузот, Кристијанб Зејферт.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.