Бундестагот го отфрли барањето на Зелените за прифаќање 5.000 мигранти од грчките острови

159

Германскиот Бундестаг со големо мнозинство гласови од пратенции го отфрли барањето на партијата Зелени за прифаќање на 5.000 мигранти и бегалци од чувстителните груп од грчките острови, пренесуваа во четвртокот германските медиуми.

За барањето на Зелените од пренатрупаните центри за сместување на грчките острви во Германија да бидат префрлени 5.000 бегалци, при што првенствено би се работело за малолетници без придружба, трудници или ќени кои патуваат сами, гласале 117 германски пратеници, а 495 биле против.

Претставниците на владејачката голема коалиција меѓу демохристијаните и социјалдемократите соопштија дека идехата на Зелените „не е лоша“, но оти се противата на „изолирана акција“ од страна на Германија без консултации со партнерите во Европската унија.

„Барањето на партијата Зелени содржи многи нешта кои се исправн, но тоа не ни помага во сегашната ситуација. Неопходно е единствено решение на ниво на Европската унија“, изјави шефицата на пратеничката група на Социјалдемократската партија на Германија (SPD), Ева Хегл.

Таа истовремени на Зелените им префрли дека барањето го поставуват од „партиско тактички“ причини, а притоа и предупреди на тоа дека договорот на ниво на ЕУ повеќе „не е далку“.

„Франција, Финска и Португалија веќе изразија подготвеност. Тоа е добра основа натаму да работиме на заедничкото решение“, реле Хегл.

Претставникот на владната Христијанско-демократска унија (CDU), Александер Тром, исто така, предупреди на тоа дека германското самостојно дејствување би било спротивно на напорите за постигнување единствен систем за азил на ниво на ЕУ.

Како што пренесува Протестантската новинска агенција (EPD), 48 пратеници од парламентарната група на демохристијаните објавиле засебна изјава во која се заземаат за помош на „најзагрозените“, како и за помош на Грција на самото место, но и дека, исто така, треба да се тежнее кон заедничко решени.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.